ЗА НАС

Фирмата Трајче Караорман од 2009 се занимава со откуп на земјоделски производи и житни култури од цела Пелагонија со количина од околу 3-4.000 тони  годишно свежа пиперка и 3-.4.000 тони пченица од повеќе од 800 земјоделци производители физички лица и голем број правни лица Секоја сезона кај нас работат повеќе од 100 сезонски работници, кои вршат внимателна класификација во кошеви, гајби и мрежести вреќи, како и брз утовар, се со цел купувачот да го добие најдобриот квалитет. 

Фирмата Оки Доки Фоодс од 2016 се занимава со откуп на земјоделски прозводи и житни култури како суровина и нуди и широк спектар на готови производ –  и извезува во Балканските земји но и одреден дел од количините ги користи како суровина за преработка и добување на замрзнати и конзервирани производи наменети за извоз, како и  полуготов производ – печена пиперка.
Во 2021 година фирмата Оки Доки Фоодс има изградено 2 ладилници за одржување на температура, комплетна линија за печење и лупење на пиперка, транспортни ленти за сортирање на пиперка и шишкање на пиперка и дополнителен објект со површина од 800 метри квадратни за складирање на жито.

Од 2022 година имаме отворено уште една фирма Kapija Foods Doo во Република Србија која што ќе се занимава со продажба на готови конзервирани производи, произведени во Македонија за Република Србија. E-пошта: Мк.sr.kapijafoods@gmail.com .

mk_MKМакедонски јазик
sr_RSСрпски језик ru_RUРусский en_USEnglish mk_MKМакедонски јазик